По тотално неочекуваниот пораз од Лука Нарди на мастерсот во Индијан Велс, фановите на Новак Ѓоковиќ ги бараа причините за киксот и ги најдоа, но не во годините на Србинот, тој физички уште е во топ форма, туку затоа што тенисот го ставил во заден план, зад „пи-арот“ и да ги испочитува спонзорите.
За време на престојот во Калифорнија, Новак наместо цело време да биде на тренинг и фокусиран на турнирот, посетуваше разни настани со цел да стекне поголем публицитет.
Беше да гледа фудбалски меч на кој играше Лионел Меси, беше на НБА-меч за да го гледа Никола Јокиќ, го промовираше својот бренд „Сила“, објави реклами за некои свои спонзори, на една конференција беше главен гостин и се сликаше со пејачката Кети Пери, итн.
Кога не е 100 проценти со мислите во тенисот, доаѓаат и поразите. Далеку од тоа дека не требало да излезе од соба и само да тренира, но беше презафатен и го плати данокот.