На социјалните мрежи беше објавено интересно видео од тенисери кои настапуваат на Мастерсот во Шангај, а на снимката тенисерите дознаваат кои се нивните прекари во Кина или на кинески јазик.
„Мојот прекар на кинески јазик е кокошка?“, се чудеше Новак Ѓоковиќ откако прочита на ливчето кое му беше дадено и првпат дозна како го нарекуваат Кинезите.
Потоа дојде и објаснувањето дека всушност тоа е „врело пиле“, како кинеска метафора за некој што е нова сензација и овој прекар Новак го имал уште од времето кога ја почнуваше кариерата.
Андреј Рубљов за Кинезите е „златен мајмун“ затоа што им личел на тоа животно, а неговиот сонародник Данил Медведев се изнасмеа и рече дека отсега натаму на другарот ќе му се обраќа така.
Од ѕвездите „се спаси“ само Карлос Алкарас, кој го нема на ова видео и засега ќе остане мистерија како Кинезите го нарекуваат него.
https://twitter.com/i/status/1843288874166206874