12.8 C
Skopje
вторник, 7 октомври 2025

Ѓоковиќ во сред меч се пожали: Не можам да дишам!

Новак Ѓоковиќ во моментов игра против Хауме Мунар во меч од осминафиналето на Мастерс турнирот во Шангај и води со 1:0 во сетови.

Мунар е на 41-вото место на АТП-листата и досега еднаш има играно против Ѓоковиќ и загуби на Ролан Гарос со убедливи 3:0 во сетови во 2018 година.

Во првиот сет, веднаш по гемот кога Ѓоковиќ направи брејк за 3:1, тој се пожали дека има проблеми со дишењето.

Веднаш потоа побара и медицински тајмаут откако почувствува болки во зглобот на ногата.

Србинот е прв фаворит за освојување на турнирот во Шангај бидејќи на патот до трофејот ги нема ниту Карлос Алкарас, ниту Јаник Синер и ниту Александер Зверев.

- Оглас -

Најнови вести