13.8 C
Skopje
петок, 14 ноември 2025

Ѓоковиќ во стилот на Нуњес, не погоди нешто што се погодува (Видео)

Новак Ѓоковиќ со победа стартуваше во првото коло на турнирот во Аделаида, кој е последна подготовка за гренслем-турнирот во Мелбурн. Србинот само по 74 минути игра го победи Французинот Констан Лестиен, а потоа имаше време и малку да се релаксира со играње фудбал.

Во една од акциите, Ѓоковиќ се најде во одлична ситуација да постигне гол, но успеа да утне само од еден метар. Во коментарот на клипот на којшто се гледа како Ноле не погодува од чиста ситуација, Србинот го споредија со Дарвин Нуњес, напаѓачот на Ливерпул, кој веќе станува асоцијација за некој што не може да даде гол од стоотсотни шанси. 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UDARAC IZ UGLA (@udarac_iz_ugla)

- Оглас -

Најнови вести