Новак Ѓоковиќ по освојувањето на својата 101-ва титула се врати во Белград и со големо уживање го следеше евролигашкиот дуел меѓу Црвена ѕвезда и Монако (91-79).
Не само што го следеше натпреварот, туку фантастично се забавуваше и навиваше. Во еден момент беше снимен колку е воодушевен од она што го прикажуваа кошаркарите на Црвена ѕвезда.
Под водство на Огњен Добриќ, Црвено-белите го „соборија“ вицешампионот на Европа. Додека Ѕвезда сигурно се движеше кон победата, одеднаш се започна со скандирање на познатата навивачка песна и стиховите:
„Вистинскиот делија верен е како куче.“
Новак тука започна да скока со останатите во ложата и вртеше маица што ја имаше со себе.
View this post on Instagram

