Ѓоковиќ возеше велосипед низ Париз, па порача: „Ова беше лудо!“ (Видео)

Новак Ѓоковиќ со две максимално победи од по 3-0 го започна настапот на Ролан Гарос, а веќе утре ќе игра и во 1/16-финалето од турнирот во Париз. Сепак, пред мечот против домашниот тенисер, Мутет, Србинот беше забележам низ улиците на главниот град на Франција како вози велосипед и тоа на една од најфрекфрентните улици околу Триумфалната капија.

Најдобриот тенисер во историјата секако дека беше препознат, па така настана и снимката која го овековечи овој момент.

Novak Djokovic casually biking in the middle of Paris tonight
byu/Nalgir intennis

„Некое време немав возено велосипед. Од Ролан Гарос ми го подарија и го искористив за првпат. Малку си ја испробувавме среќата, бидејќи возевме во круг околу Триумфалната капија, адреналинот се покачи, автомобилите нè опколија… Тоа нема да го повторам, тогаш бевме луди што отидовме таму. Следниот пат ќе возам низ околните улици. Позабавно е да се види Париз со велосипед, не си во сообраќајна гужва како со автомобил, вака е прекрасно да се биде во центарот на Париз, многу убави нешта има.“ – одговори Ѓоковиќ на новинарско прашање за неговата постапка.

- Оглас -

Најнови вести