12.8 C
Skopje
петок, 17 октомври 2025

Ѓоковиќ за 63 минути поминати на терен заработи 1,5 милиони долари

Новак Ѓоковиќ седми пат по ред загуби од Јаник Синер, овојпат на егзибицискиот турнир „Шесте крала“, кој се игра во Ријад, Саудиска Арабија. Овој турнир не се вреднува за АТП-листата, но учествуваат шестемина најдобри.

Србинот имаше директен пласман во полуфиналето, а таму само по 63 минути игра, со 6:4 и 6:2 загуби од Синер. За овој еден меч, Ѓоковиќ заработи 1,5 милиони долари. Тоа е сумата која е загарантирана за секој учесник.

Ако се види учинокот на Ѓоковиќ на мечот со Синер, тоа значи дека Србинот заработил по 250.000 долари за секој освоен гем, односно по 23.809 долари по минута, или по прецизно би било 396 долари за секоја секунда помината на теренот на овој турнир во Саудиска Арабија.

Нешто слично како Ѓоковиќ поминаа и Александер Зверев и Стефанос Циципас. Зверев одигра еден меч кој траеше само 59 минути и заработи 1,5 милиони долари. Тоа значи дека Зверев заработи 25.424 долари за секоја минута помината на теренот, односно 424 долари по секунда. Циципас играше еден час и 16 минути, што значи дека за секоја минута помината на теренот, тој заработил 19.736 долари, односно 329 долари по секунда.

Победникот на овој турнир ќе заработи шест милиони евра, што е еден милион повеќе од тоа што го добива победникот на Отвореното првенство на САД, турнир кој е најдоброплатен од сите кои се дел од АТП-серијата.

- Оглас -

Најнови вести