Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, од Лондон вети дека наскоро ќе ја посети Македонија.
Известувачот на новинската агенција „Макфакс“ од Вимблдон го потсети Новак дека уште го чекаме во Скопје и Охрид за што има јавна покана уште од 2019 година.
„Во право сте. Треба да дојдам во Македонија и многу брзо ќе го сторам тоа. Ветувам“, рече Ѓоковиќ кој е еден од најпопуларните спортисти кај нас и има огромен број верни фанови.