Србинот Новак Ѓоковиќ е најплатениот тенисер во светот за 2023 година, открива Еуроспорт. Според податоците, Ѓоковиќ кој триумфираше на два од трите одиграни Гренд слема (победи во Мелбурн и Париз, а во Лондон загуби во финалето), само во 2023 година од играњето на турнирите и од спонзорските договори вкупно има заработено 38,4 милиони долари.
Зад Ѓоковиќ на оваа листа е Карлос Алкарас кој има инкасирано 31,4 милиони долари. Меѓу тенисерките најплатена е Ига Швјонтек со 22,4 милиони долари и е на третото место на вкупната листата. Русинот Данил Медведев е на четвртото место со заработени 20,1 милиони долари, а Рафаел Надал иако не играше на ниту еден турнир освен на почетокот на годината на Австралија опен, има заработено 15,5 милиони долари.
Во топ 10 тенисери и тенисерки со најголеми заработувачки има место и за: Ема Радукану (15,3 милиони долари), Коко Гоф (15,2), Каспер Руд (14,4), Наоми Осака (12,1) и Џесика Пегула со заработени 10,9 милиони долари.