23.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Ѓоковиќ за поразот: „Нарди е талентиран тенисер, заслужено загубив“ (Видео)

Новак Ѓоковиќ доживеа сензационален пораз од 123-тиот тенисер на АТП-листата, Лука Нарди, со што го заврши настапот на Мастерс турнирот во Индијан Велс. По мечот, Србинот се осврна на својата, но и на играта на противникот, а за младиот италијанец имаше само пофални зборови.

„Му честитам на Нарди за победата, посебно на играта во третиот сет, одигра фантастичен тенис. Го гледав како игра. Не знаев многу за него, но го гледав и знаев дека има одличен удар од основната линија, посебно форхендот. Добро се движи, многу е талентиран. На турнирот влезе како среќен губитник и навистина немаше што да загуби. Заслужено победи. Повеќе бев изненаден од моето ниво. Моето ниво беше многу, многу лошо. Тука две работи се споија, тој имаше одличен ден, јас имав лош ден“, беше првиот коментар на Ѓоковиќ по поразот.

Ѓоковиќ се осврна и на условите за игра, но како што вели, тоа не е изговор за шокантниот пораз што го доживеа.

„Му помогнав да игра подобро, а на себе не си помогнав воопшто. Направив неколку страшни грешки. Играв премногу дефанзивно и не одев доволно на топката во третиот сет. Тој искористи сè што можеше да се искористи. Играше послободно и поагресивно од мене. Денес имаше малку ветер. Сосема спротивно од она што го имав на тренинзите и на првиот натпревар, но тоа не е изговор. Требаше да одиграм многу подобро“, додава Србинот.

Во вториот сет, кој му припадна на Ѓоковиќ со 6-4, имаше и мало недоразбирање помеѓу него и судијата откако Србинот чекаше играта да биде прекината, но судиите тоа не го сторија, па поенот му припадна на Нарди.

https://twitter.com/z_kortu/status/1767376846075613632?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1767376846075613632%7Ctwgr%5E50f0d5c04c23273d7a05e41df0e3672eb8d6da69%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportal.blic.rs%2Ftenis%2Fnovak-djokovic%2Fsalis-li-se-novak-se-svadjao-sa-sudijom-jer-ga-je-rival-potpuno-zbunio-video%2F2024031202330076652

- Оглас -

Најнови вести