Ѓоковиќ за ривал сега го има својот голем пријател и порача: Следува најтешкиот меч досега

Новак Ѓоковиќ се пласира во полуфиналето на Мастерс турнирот во Мајами откако без многу проблеми го победи Себастијан Корда. Мечот траеше помалку од еден и пол час, а Ѓоковиќ на крајот се радуваше и го продолжи походот кон јубилејната 100-та АТП-титула.

Ѓоковиќ е задоволен од тоа како игра на досегашниот дел од турнирот.

„Навистина, одлично сервирам во текот на целиот турнир, особено денес. Себастијан ме натера да трчам во вториот сет, не грешеше како во првиот сет. Требаше добро да сервирам. Мојот сервис ми помогна да го добијам тај-брејкот во вториот сет. Тоа беше можеби најважниот момент на натпреварот. Тој е толку талентиран и затоа многу сум среќен што победив. Мојот сервис е врвен, 83 проценти, 11 асови, големо олеснување е кога сервирам така. Тоа ми требаше против Корда, кој беше тврд и агресивен“, рече Ѓоковиќ веднаш по победата и пласманот во полуфиналето.

Следен ривал на Ѓоковиќ ќе биде Григор Димитров.

„Го видов последниот натпреварот на Димитров. Неверојатно беше како се бореа речиси три часа. Григор спаси меч-топка, заслужи да победи. Минатата година играше полуфинале, сега, пак, одлично се согласуваме, добри пријатели сме, но утре на терен и двајцата ќе сакаме да победиме. Толкупати сме играле еден против друг… Ѓоко е во форма, ќе морам да бидам подготвен за најтешкиот меч досега.“

- Оглас -

Најнови вести