Ѓоковиќ за тресењето на раката: Не можам да откријам, не треба да знаат противниците

Новак Ѓоковиќ откако загуби сет против Данил Медведев, на паузата делуваше заморено, дури и му се тресеше десната рака, па неговите фанови беа загрижени дали ќе може да издржи.

Србинот како и многупати во минатото, беше блиску до пораз, но најде начин да се извлече и на крајот триумфираше.

„Не би навлегувал во детали, не чувствувам потреба тука да го споделам тоа. Не сакам моите противници да знаат низ што точно минувам. Физички ми беше тежок мечот против Медведев, работам со мојот терапевт и тимот за експресно да се одморам и рехабилитирам“ – рече Новак кој попладнево игра полуфинале на завршниот Мастерс против Тејлор Фриц.

- Оглас -

Најнови вести