Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, кој в понеделник ќе стане апсолутен рекордер по број на недели поминати на прво место во историјата на тенисот, се наоѓа во Дубаи каде треба да настапи на силен турнир.
Србинот даде интервју во кое истакна дека е задоволен од тоа што досега го постигнал во кариерата и дека ќе биде задоволен и ако остане на тоа што го има.
„Би сакал да имам рекорден број на освоени грен-слеми, но задоволен би бил и да останам на овие 22, дури и Надал ако освои уште десет. Мора човек да биде скромен, горд и благодарен на тоа што го постигнал во животот“ – изјави Ѓоковиќ.