Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на Австралија опен, откако по голема борба и четири часа поминати на теренот, го победи хрватскиот квалификант Дино Прижмиќ со 3:1 во сетови.
Во првиот сет добро започна и направи брејк и брзо поведе со 2:0, а потоа и на 4:2 имаше уште еден освоен гем на сервис на противникот и го доби првиот сет со 6:2.
https://twitter.com/i/status/1746457751251779767
Во вториот сет младиот Хрват покажа дека има квалитет и прв направи брејк за да поведе со 3:1, но веднаш следуваше одговор со иста мерка од Ѓоковиќ. Кога се стигна до 6:6, во тајбрејкот изненадувачки Прижмиќ беше подобар со 7:5 и израмни на 1:1 во сетови.
https://twitter.com/i/status/1746476404072440046
Во третиот сет имаше многу загубени гема на свој сервис на двете страни, а во една таква ситуација Ѓоковиќ како многу поискусен, го доби сетот со 6:3. Четвртот сет започна со доминација на Новак и поведе со 4:0, но Прижмиќ се врати и намали на 4:3.
Во продолжение Ѓоковиќ не искористи четири меч топки на сервис на противникот, пропушти две меч топка и на свој сервис, за да на крајот сепак ја искористи седмата меч топка и на крајот да го добие сетот со 6:4 за победи со 3:1.
Мечот траеше точно четири часа и тоа е најдолгиот меч кој Ѓоковиќ го има одиграно во прво коло на еден Гренд слем турнир.