Новак Ѓоковиќ за само 45 минути го збриша Гркот Јоанис Ксилас со 6-0, 6-1, и сега репрезентацијата на Србија води со 2-0 против нашиот јужен сосед, и на прагот е да избори опстанок во Светската група во Дејвис купот.
Грците се без Стефанос Циципас, па играше Ксилас кој е 770-ти во АТП листата и немаше шанса против најдобриот во историјата. Кога во финишот при 0-5 во вториот сет Гркот успеа конечно да освои барем еден гејм, публиката во Белград од сожалување го награди со аплаузи.
Ова беше прв, а веројатно и последен ваков случај кога белградската публика се израдувала на загубен гејм на нивниот идол Ѓоковиќ.