Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ убаво си поминаа во Нур Султан во Казахстан, каде што одиграа егзибициски натпревар за хуманитарни цели. Најдобрите тенисери на светот беа пречекани со највисоки почести, а одиграа и еден мел пред 11.500 гледачи.
За Надал, ова беше прв меч по неговата свадба и победи со 11-9 во супер тај-брејкот, откако по два сета, резултатот беше 1-1.
Ѓоковиќ немаше причина за тагување, целта беше финансиска заработка, хуманизам и забава, па по мечот, почна да танцува заедно со неколку гледачи од публиката.
https://twitter.com/i/status/1187372112962605057