Новак Ѓоковиќ многу потешко од очекувањата, и со загубен сет, победи во полуфиналето на турнирот во Белград. Словакот Андреј Мартин (119-ти на АТП листата) му го зеде вториот сет на Србинот, но тоа го разлути Новак кој доминираше во третиот сет и го доби со 6-0.
Во вториот сет при 4-4 во гејмови, Ѓоковиќ го кршеше рекетот и му дозволи на противникот да направи брејк, а после загубениот сет, нервозата ја претвори во мотивација за победа. Мечот траеше 1 час и 50 минути. Во финалето кое му е 119-то во кариерата, Ѓоковиќ ќе игра со Молчан или Делбонис.