Ѓоковиќ загуби сет, но стаса до „Слатките 16“ на САД опен во Њујорк (Видео)

Новак Ѓоковиќ стаса до „Слатките 16“ во Њујорк на САД опен, иако го загуби првиот сет против Кеи Нишикори. Јапонецот поведе, откако беше подобар и со 7-4 во поени го доби тај-брејкот, но се потоа беше во стилот на првиот фаворит.

Ѓоковиќ ги доби следните три сета со 6:3, 6:3, 6:2 и се најде меѓу најдобрите 16 тенисери на последниот гренслем турнир во сезоната.

Ова е вторпат во треите меча на турнирот Ѓоковиќ да загуби сет, но сепак се приближува до целта, да ги обедини сите четири гренслем круни во иста година, за првпат по Род Лејвер пред 52 години.

Уште поважна мисија на патот кон пехарот е да се освои турнирот со што би бил најдобар на сите времиња со 21 гренслем титула. Моментно Новак, Роџер Федерер и Рафаел Надал се израмнети на вечната листа со по 20 пехари од четирите најценети тениски турнири на светот.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести