Ѓоковиќ загуби сет против 18-годишен Данец, но му одржа лекција

Новак Ѓоковиќ со победа стартуваше на САД опен каде го брка машкиот рекорд од 21 грен-слем титули. Србинот кој е прв носител, го совлада 18-годишниот Данец Холгер Руне, со 6-1, 6-7, 6-2, 6-1. Мечот траеше 2 часа и 16 минути.

Се очекуваше Ѓоковиќ во второто коло да игра со Штруф, но тој загуби од Холанѓанецот Грикспур кој првпат доби меч на грен-слем, па првиот фаворит ќе има барем на хартија, полесен противник, кој е 121-ви на АТП листата. Добра вест за Новак е и поразот на Шпанецот Карењо Буста, кој му беше потенцијален противник во подоцнежната фаза.

Најголемо изненадување на машкиот дел од турнирот приреди младиот Американец Закари Свајда, кој го совлада Марко Чекинато, италијанскиот тенисер кој во минатото има играно полуфинале на Ролан Гарос. Свајда е 716-ти на АТП листата, и на САД опен е со вајлд-карта. И во второто коло Свајда ќе игра против Италијанец, 13-тиот носител Јаник Синер.

- Оглас -

Најнови вести