Ѓоковиќ загуби вторпат за два дена, дојде крајот на една голема кариера

Новак Ѓоковиќ и Фернандо Вердаско загубија во конкуренција на двојки во четвртфиналето на турнирот во Доха. Двете тениски легенди не можеа да им парираат на Хари Хелиовар и Хенри Патен, кои се втори носители на турнирот. Ѓоковиќ и Вердаско загубија со 5:7 и 4:6, а мечот траеше малку повеќе од еден час.

Ова беше и последен меч за легендарниот 41-годишен Вердаско, кој ја заврши играчката кариера.

Во двата сета доволен беше по еден брејк за финско-британската двојка да победи и да се пласира во полуфиналето.

За Ѓоковиќ ова беше втор пораз само во два дена на турнирот во Доха. Вчера Србинот загуби од Матео Беретини со 2:0 во сетови, а сега е елиминиран и во конкуренција на двојки.

- Оглас -

Најнови вести