Ѓоковиќ запеа опера, девојката на Јан Облак се скина од смеење (Видео)

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, утре во 10 часот го почнува настапот во Јунајтед купот, каде ќе ја претставува Србија, а додека му траат подготовките, со најдобрата српска тенисерка и негова колешка во националниот тим, Олга Даниловиќ, учествуваа во една игра на пантомима.

Снимка од играта стана хит бидејќи Новак сликовито се обиде да го објасни поимот „Опера хаус“, кој 22-годишната Олга (ќерка на прославениот екс кошаркар Предраг Даниловиќ и актуелна девојка на фудбалскиот голман Јан Облак) требаше да го погоди со читање од усни.

Ноле и Олга не се прославија, Даниловиќ не можеше да го погоди поимот, не издржа и се изнасмеа кога Ѓоковиќ ја отвори устата за да запее како оперски пејач.

Србите веруваат дека тие ќе бидат многу поуспешни на тениски терен. Утре Србите ќе играат против Кина.

https://twitter.com/i/status/1741054025704116310

- Оглас -

Најнови вести