Најдобриот тенисер на светот, Србинот Новак Ѓоковиќ, преку социјалните мрежи го честиташе Божик на сите коишто го слават овој голем празник според грегоријанскиот календар, а упати и порака за мир и повеќе разбирање во светот.
„Среќен Божик на сите коишто го слават денеска. Ви посакувам и Среќна Нова година која доаѓа за неколку дена. Се надевам дека ќе ви се остварат сите соништа. Јас лично сакам помирен свет, свет со повеќе разбирање, љубов. Се надевам дека ќе имаме прекрасни тениски моменти. Одиме во новата 2024, сè најдобро“, вели Ѓоковиќ, кој утре во Саудиска Арабија ќе одигра еден егзибициски меч против Карлос Алкарас.
— Novak Djokovic (@DjokerNole) December 25, 2023