Србија загуби од Германија со 2:1 во АТП Купот, а поразот многу болно го поднесе светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ. Во решавачкиот дуел, Ѓоковиќ и Никола Цациќ загубија во дублот со 2:1. Решавачкиот трет сет, германската двојка ја доби со 10:7 и се пласираше во полуфиналето.
Во одредени моменти на мечот, Ѓоковиќ покажа фрустрација, па во еден момент го скрши и рекетот. Тоа се случи во вториот сет кога српскиот двоец не искористи четири брејк топки, а откако го загуби гејмот, Ѓоковиќ нервозно го искрши рекетот, а судијата немо го гледаше лутиот тенисер.
https://twitter.com/i/status/1357570455729799169