Новак Ѓоковиќ сезонава на сите четири грaнслем-турнири стигна до полуфиналето, но ниеднаш не успеа да направи чекор плус да игра во финале, па остана на рекордот од 24 титули на најважните тениски турнири. Сепак, оваа сезона Србинот успеа да стигне до јубилејниот 100-ти освоен АТП-турнир.
Моментално Ѓоковиќ е во Атина, каде што се подготвува за финишот на сезоната. Популарниот Ноле има 38 години и сè почесто го прашуваат и зборува за евентуално пензионирање.
„Верувајте, последните години, може последните 12 до 15 години се трудев да размислувам само за тенисот. Многу спортисти зборуваат за маките кои ги имаат по завршување на кариерите. Тоа најмногу се однесува на еден вид транзиција, но и ментални подготовки за тој момент. Човек треба да биде подготвен за тоа. Знам дека тоа ќе биде многу тажен и емотивен момент“, рече Ѓоковиќ.
Семејството Ѓоковиќ сега живее во населбата Глифада во Атина, а децата веќе ги запиша во тамошно школо, што доволно покажува дека е подготвен грчкиот главен град да биде негово живеалиште одреден период.