Новак Ѓоковиќ со четири лесни победи дојде до пласман во четвртфиналето од Ролан Гарос, но еден навивач го привлече вниманието на јавноста. Се работи за Аргентинец кој постојано носи дрес на којшто се ликовите на Лионел Меси и Новак Ѓоковиќ, а Србинот по мечот со Нори остварил средба со нив, па за медиумите ја раскажа приказната.
„Му дадов пешкир на човек кој е Аргентинец и кој ме поддржуваше во Женева. Го имав видено еднаш или двапати претходно. Толку срдечно и со жар ме поддржуваше, секој поен ме охрабруваше, даваше поддршка и на шпански и носеше маичка со мене и со Меси, фудбалски дрес. Го забележав, не можеш да не го забележиш – гледа натпревар во тој дрес и го носи со гордост. По Женева му се заблагодарив, не очекував дека ќе биде и овде, но е тука на секој меч. Имаме убав однос, му дадов пешкир и ќе му дадам и други работи – само да продолжам со победите“, рече Ѓоковиќ.