28.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Ѓоковиќ знае како против Синер на Вимблдон

7400 Синер – Ѓоковиќ (16.30 часот)

Ова полуфинале на тенискиот гранслем Вимблдон се чекаше уште кога беше направена ждрепката. Моментниот број 1 против најдобриот во историјата е меч кој не смее да се пропушти, иако двајцата имаат мали проблеми со повреди. Синер е фаворит според квотите и ќе се обиде првпат да стигне до финале на лондонската трева. Ѓоковиќ без поголеми проблеми дојде до полуфиналето, а ова му е првиот сериозен тест во обидот по осми пат да го освои Вимблдон. Новак го елиминира Синер на Вимблдон во 2022 и 2023 година, но Италијанецот ги доби последните пет меѓусебни дуели, меѓу кои и неодамна на „Ролан Гарос“.

Предлог тип: >39.50 гејмови (1.85)

 

2433 Аргеш – Рапид Букурешт (20.30)

Со овој меч во Питешти почнува новата сезона во романскиот фудбалски шампионат. Аргеш минатата сезона беше второлигаш, па ова му е нов предизвик. Во подготвителниот период, Аргеш загуби од македонскиот првак Шкендија, а потоа врза пет победи по ред, од кои последната против Динамо Букурешт. Рапид одигра само три контроли, во кои претрпе еден пораз, од скопскиот Вардар. Последните меѓусебни дуели на овие два тима беа во 2022, а Аргеш од 2020 не знае за победа над Рапид.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.00)

 

1276 Вотерфорд – Корк сити (20.45 часот)

Вотерфорд има два порази по ред, па за нив во вистински момент доаѓа дуелот со последнопласиратниот тим на табелата во ирската лига и ова е идеална шанса за домашните да се вратат на победничкиот пат. Ова се двата најнеефикасни тимови во лигата и двата со најмногу примени голови. Корк сити во 23 кола има само две победи (едната против Вотерфорд) и тешко дека ќе може да побегне од дното. Во март, Вотерфорд дома го победи Корк сити со 2-1, а во април Корк сити на свој терен врати со истиот резултат.

Предлог тип: 1 (2.02)

 

6735 Италија ж. – Шпанија ж. (21.00 часот)

Шпанките имаат обезбедено четвртфинале на Европското првенство за жени и може малку да калкулираат, но ако загубат од Италија, ќе паднат на второто место во групата и ќе имаат потежок ривал во нокаут-фазата. Италија и со бод оди понатаму, а ако загуби, ќе треба да се надева дека тоа нема да биде убедливо и дека Португалија нема да ја совлада Белгија со голема разлика. Шпанија делува како машина, даде 11 гола во првите две кола, а гол-разликата на Италијанките е 2-1. Интересно е дека Шпанија не успеваше да ја победи Италија на последните два меѓусебни дуела.

Предлог тип: 13 I & 1-3 II (1.73)

 

6737 Португалија ж. – Белгија ж. (21.00 часот)

Пред Португалија е тешка, но не и невозможна мисија. За да влезат во четвртфиналето на ЕП за жени, мора убедливо да го добијат овој меч и да чекаат пораз на Италија од Шпанија, и тој по можност со што поголема разлика. Во моментов Португалија има гол-разлика минус 5, а Италија плус 1, што значи Португалија брка негатива од шест гола. Ако Италија загуби со еден гол разлика, Португалија треба да победи со пет разлика. Белгија по две кола нема бод и гол-разликата им е 2-7. Минатиот месец во Лигата на нации, Белгија ја победи Португалија со 3-0.

Предлог тип: 1 & 1+ пол. (2.21)

- Оглас -

Најнови вести