Во гостување во емисијата на Славен Билиќ, тенисерот Новак Ѓоковиќ зборуваше и за своите вечни ривали Роџер Федерер и Рафаел Надал.
„Големата тројка“ на тенисот отсекогаш привлекувала внимание од перспектива на приказните што циркулираат дека Новак беше „малиот што им ги расипа сметките на двајцата најомилени“.
„Тие се од Швајцарија и Шпанија, значи западни сили. Едноставно кажано, колку и да сакаме да го видиме овој свет, не во однос на тенисот, туку воопшто, демократски, пацифистички, како овој, сепак, за жал, постои расизам и постојат, како што би рекол, граници што се поставени во тој контекст. Не мислам на расизам кон мене, но гледам што се случува во светот, постојат ориентации и припадности. Јас не припаѓав на тоа“, раскажа Ѓоковиќ.
На тениската светска јавност не ѝ се допаднало кога тој се појави на врвот и стана закана за Роџер и Рафа.
„Воопшто не им се допадна што бев таму. Јас ги почитувам и ценам овие двајца луѓе, не сум рекол ниту еден лош збор за нив, ниту пак ќе кажам. Едноставно, кажував дека мислам дека ќе бидам подобар од нив. Немав проблем да го кажам тоа. Се борев со целата машинерија, силните корпоративни спонзори. Се обидував да угодам некому, но едноставно видов дека тоа е сурова конкуренција и сурова борба. И сфатив дека, едноставно, морам некако да се зацврстам во таа смисла, да се затворам во себе и да си одам по свој пат, да бидам свој“, вели Ѓоковиќ.

