Во македнското фудбалско првенство нема користење на ВАР технологија или систем за гол линијата кој сигнализира дали е погодок или не, па затоа ситуациите како таа во Кавадарци остануваат енигма дали судиите донеле правилна одлука.
Во првото полувреме, по еден корнер за домашниот тим, топката одеше кон голот, голманот на гостите ја одбрани топката, но остана голема дилема дали таа ја помина гол-линијата со цел обем. Домаќините сигнализираа дека е погодок, но линискиот судија и главниот арбитар не покажаа на белата точка. По првиот дел Академија Пандев имаше водство со 1:0.