Шкупи и Шкендија одиграа 2-2 во дербито на првото коло во Првата македонска фудбалска лига. Во првото полувреме доманите преку Гамбиецот Дембо Дембо поведе со 2-0, но Дориев покажа зошто го донесе Шкендија во своите редови и намали на 2-1, додека Ахмеди во 66-та минута ги постави конечните 2-2. Во финишот двата тима како да се плашеа од пораз и се задоволија со реми, па гол-шоуто заврши.
Силекс со 6-0 ја растури Беласица и покажа дека е подготвен за настапот против Карабах во квалификациите за ЛШ каде ќе ја претставува Македонија на местото на Вардар кој нема лиценца за европските купови.
Македонија Ѓорче Петров со гол на Адем во 93-та минута победи против Работнички со 2-1, а дома минимално славеше и Пелистер против Академија Пандев. Битолчани победија со 1-0 со убавиот гол на Хот во 10-та минута. Немаше голови само на средбата Ренова – Струга Трим Лум. Вчера Борец во Скопје го совлада Вардар со 1-0.