(1007) Челзи – Ливерпул (17:30ч)
Ливерпул бележи две победи во последните пет гостувања во Лондон во средбите кои се одиграа во рамки од Премиер лигата. Минатосезонскиот класик од 5-3 на „Енфилд“ по кој Ливерпул и ја крена титулата, дава надеж дека и денес двете екипи ќе приредат спектакл. Челзи последен пат славеше во мај 2018 година во лигашки дуел, додека во последните неколку куп-пресметки Сините имаат подобар биланс.
Речиси редовно меч меѓу овие две екипи завршува со три или повеќе гола, при тоа се тресат мрежите на двете страни. Ливерпул во одбрана на титулата тргна со триумф од 4-3 над Лидс, Челзи беше подобар од Брајтон со 3-1, што значи дека денес ќе се покажуваат напаѓачките квалитети на двете екипи. Челзи ќе биде десеткуван и без новите засилувања Тијаго Силва, Чилвел и Зијех, додека составот на Клоп е комплетен.
Предлог тип: ГГ & 3+ (1.78)
(1809) Волфсбург – Баер Леверкузен (18ч)
Леверкузен е значително ослабен во однос на минатата сезона по заминувањето на Хаверц и Фоланд, а дополнително за оваа пресметка Фармацевтите нема да сметаат на клучни Бејли и Паулињо. За гостите треба да дебитира Патрик Шик, новиот напаѓач кој дојде од Рома, а ланската сезона ја мина на позајмица во Лајпциг.
Леверкузен славеше во последните четири гостувања на „Фолцваген арена“ во кои реализираа просечно по два гола, во Волците се одмаздија со убедливи 4-1 во последниот меѓусебен дуел. Со оглед на тоа дека е премиерно коло во Бундеслигата и според вчерашните резултати, Волфсбург и Леверкузен немаат право да разочараат.
Предлог тип: 1+I & 3+ (1.90)
(3006) Јувентус – Сампдорија (20:45ч)
Без Дибала, Де Лихт, Алекс Сандро и Бернардески, актуелниот италијански првак ќе тргне во одбрана на титулата во Серија А. Андреа Прило ќе дебитира на клупата на Бјанконерите, што значи дека ќе се гледа настап на Јувентус во поразлично издание досега.
Старата дама е неприкосновена на домашен терен во дуелите против Сампродија и има пет победи во низа со просек од три погодоци. Ништо помалку не се очекува од фаворитот и вечерва, без разлика што недостасуваат неколку првотимци.
Предлог тип: 1 & 3+ (1.82)
(1306) Реал Сосиедад – Реал Мадрид (21ч)
Повредите на Азар, Иско, Асенсио, Јовиќ, Одегард и Милитао, му прават проблеми на Зидан во составувањето на тимот за премиерното гостување кај Сосиедад. Сепак, предводникот на Кралевите ќе располага со клучните играчи како Модриќ, Бензема, капитенот Рамос, што значи дека Реал ќе цели на триумф и позитивен почеток на одбраната на титулата во Ла Лига.
И Сосиедад се мачи со повреди, а поради корона-вирусот овој дуел ќе го пропушти Вилијан Хосе, една од ѕвездите на баскискиот клуб. Иако Реал ги доби последните три првенствени пресметки против Сосиедад, тимот на Зидан редовно прима гол од оваа екипа.
Предлог тип: 2 & ГГ (3.40)
(2833) Олимпик Марсеј – Лил (21ч)
Марсеј приреди сензација против ПСЖ, а потоа го загуби дербито на најтрофејните во Лига 1 против Сент-Етјен. Таквата форма не ветува дека имот на Вилаш-Боаш ќе ги освои бодовитевечерва против Данските доги. Лил има незгоден состав кој често знае да изненади во ситуација кога е аутсајдер, но со заминувањето на најдобриот играч Виктор Осимен екипата загуби на квалитет и голгетерски потенцијал.
Марсеј славеше во три од последните пет меѓусебни средби, додека Лил последен пат се радуваше на три бода во септември 2018 година.
Предлог тип: 1X & 2-4 (2.20)