Гол и асистенција на Етеми го извлекоа Истанбулспор од дното на табелата

Македонскиот репрезентативец Ваљон Етеми, со гол и асистенција беше најзаслужен за победата на Истанбулспор од 2-0 на гостувањето кај Умранијеспор, па сега Умраније е последен на табелата во турската Суперлига, а тимот на Етеми е претпоследен со три бода заостанување зад безбедната зона.

Етеми даде гол за 1-0 во 30-та минута, а во судиското продолжение од првото полувреме, асистираше за 2-0, што се покажа како конечен резултат. Етеми има седум голови сезонава во турското првенство, и е еден од десетте најдобри стрелци.

https://streamja.com/M3JQl

- Оглас -

Најнови вести