Фудбалерите на Атланта победија убедливо со 5:1 над Портланд во четвртото коло на МЛС во САД. За Атланта ова е трет триумф, потврдувајќи го квалитетот.
Прва ѕвезда на Атланта е Тијаго Алмада кој блескаше на овој дуел. Младиот 21-годишен Аргентинец даде два гола, а имаше и две асистенции, а сите зборуваат за погодокот постигнат од слободен удар.
Беше досуден фаул за Атланта, а топката беше одалечена преку 30 метри од голот на противникот. Алмада сепак се реши да шутира директно кон голот и не згреши. На спектакуларен начин успеа да погоди директно во аголот, погодок кој ретко се гледа во профи фудбалот во последно време.
Stop that Thiago Almada. pic.twitter.com/g8dY8fxmCk
— Stop That Football (@stopthatfooty) March 19, 2023