Астон вила може да се радува што на паузата замина со резултатски егал против Шефилд јунајтед во првиот меч во Премиер лигата по продолжувањето на сезоната. Гол-лајн технологијата потфрли во спорна ситуација, по која гостите требаше да дојдат до предност.
Голманот Ниланд ја прибра нафрлената топка, меѓутоа сосе неа влезе во голот придржувајќи се за дирекот. На снимката јасно се гледа дека целата топка е внатре, но судијата Мајкл Оливер покажа на часовникот дека гол-лајн технологијата не сигнализираше гол.
https://twitter.com/Triggz187/status/1273311446282260487