Гол-машината од Дортмунд ги „одра“ и Волците, овојпат бековите завршија работа

Борусија Дортмунд со 2-0 се прошета на гостувањето кај Волфсбург и потврди дека е во добра форма пред дербито со лидерот Баерн Минхен кое се игра во вторник.

Ерлинг Халанд беше мирен и не погоди, но стрелец беше Рафаел Гереиро, за кого ова е трети погодок во последните два кола откако се реактивираше лигата. Џејдон Санчо влезе во игра во второто полувреме, но беше најзаслужен за вториот гол, и откако ја освои топката, му асистираше на Ашраф Хакими за кого остана само реализацијата. Санчо сезонава има 14 гола и 16 асистенции. Матс Хумелс по 25-ти пат заигра во жолтиот дрес на тимот од Дортмунд.

Баер Леверкузен со триумфот од 3-1 над Борусија Менхенгладбах, се искачи на третата позиција. Младиот Каи Хаверц даде два гола, едниот од пенал и потврди дека во моментов е еден од најдобрите германски напаѓачи.

- Оглас -

Најнови вести