Венсан Абубакар вчера со два гола придонесе за победа на Бешикташ против Гиресунспор, а освен фановите на истанбулските црно-бели, на головите на камерунската ѕвезда се радуваа и обложувачи од Неготино и Скопје бидејќи тоа им донесе големи добивки на нивните тикети уплатени во Sport Life.
СЕ ЧЕКАА ДВА ГОЛА НА БЕШИКТАШ ВО ПРВО ПОЛУВРЕМЕ, ДО 38-МАТА БЕШЕ 0-0, НО АБУБАКАР ВО ФИНИШОТ ДАДЕ ДВА
Во објект на Sport Life во Неготино, еден мајстор за обложување со 300 денари уплата, состави добитен тикет со бруто-добивка од 541.778 денари, од кои бонусот е 49.252 денари. На овој тикет има шест меча и на сите е типувано дека одредени тимови ќе даваат два или повеќе гола во прво полувреме.
Од овие мечеви играни во неделата вечер најпроблематичен беше оној во Истанбул, каде што се чекаше Бешикташ да даде два гола во прво полувреме, а до 38-мата минута беше 0-0. Во 39-тата Абубакар погоди од пенал, потоа истиот играч даде гол и во петтата минута од судиското продолжение, а токму овој гол значеше бруто-добивка од над половина милион денари.
АБУБАКАР ДОНЕСЕ РАДОСТ И ВО СКОПСКИ ХРОМ
Обложувач кој уплатил 30 денари во Sport Life во скопски Хром има бруто-добивка од 127.494 денари. На тикетот се шест меча кои се играа во неделата, а на кои е типувано дека тимови ќе даваат од 2 до 3 гола во прво полувреме. И на овој тикет најкритичен беше Бешикташ, но Абубакар во 45+5 го реши проблемот и донесе радост кај обложувачот.
ПЕНАЛ НА САЛЦБУРГ ДОНЕСЕ ГОЛЕМА ДОБИВКА ВО ВАЛАНДОВО
Во Валандово со 100 денари уплата, обложувач дојде до бруто-добивка од 109.930 денари. На овој системски тикет има десет натпревари играни во неделата попладне и вечерта. Тука има микс од играта 1-3I&1-3II и тимови на кои е типувано дека ќе даваат од еден до три гола во двете полувремиња.
Салцбург во 92-рата минута од пенал го даде првиот гол во второто полувреме, а помош за обложувачот од Валандово дојде и од Роберто Фирмино од Ливерпул, кој погоди во 87-мата минута за да има гол во вториот дел на мечот на Црвените против Арсенал.