Денеска се играа многу пријателски натпревари, дел како загревање за настапот на репрезентациите на Мундијалот во Катар, дел како тест за можностите пред квалификациските дуели идната година за континенталните првенства, а голот на денот падна во Скопје.
За жал, не го даде Македонија, туку Финците по брилијантната акција во првото полувреме.
Едноставно, во три потези нѐ матираа во 37-мата минута, а целата акција беше убава. Дебитантот Анси Сухонен мајсторски одигра со петица до искусниот Џоел Похјанпало, а овој со навремен пас го исфрли сам на бришан простор Оливер Антман.
И напаѓачот на Нордсјиланд реагираше мајсторски и на интересен начин ја протна топката во мрежата, па Столе Димитриевски беше немоќен.
https://twitter.com/ViaplayUrheilu/status/1593301236496965634?s=20&t=Bo5NLcKocPIvew_gM6fQlw
Мечот заврши нерешено 1:1, а Македонија повторно ќе игра на 20 ноември и пак во Скопје, сега против Азербејџан во 14 часот.