Гол на Македонец предизвика тепачка на натпревар во Мелбурн (Видео)

Погодoкот на нашинецот Роберт Стамболџиев за водство на Алтона меџик од 3-2 во дуелот со Данденонг тандер, ги налути навивачите на противничката екипа, па дојде до инцидент на трибините на овој меч во Мелбурн, од Националното првенство на сојузната држава Викторија во Австралија.

Данденонг водеше по првото полувреме со 2-0, па навивачите на овој клуб, не можеа да се помират со негативата од 2-3, па почнаа тепачка и фрлаа со предмети и плукаа кон играчите. Реагираше и обезбедувањето, инцидентот се смири после неколку минути, а средбата заврши со 3-2 за Алтона.

Алтона е клуб кој го имаат формирано македонски иселеници во Австралија, па затоа и боите на дресовите им се црвено-црни, како на најтрофејниот и најпопуларен македонски клуб, скопски Вардар, па и еден од прекарите на клубот е Вардар. Во тимот има повеќе играчи со македонско потекло, и тренерот истотака е Македонец, а во составот имаат и еден играч Албанец кој истотака не беше поштеден од фановите на Данденонг.

Данденонг е клуб кој го поддржува албанската дијаспора во Мелбурн, а и во амблемот на клубот доминира црниот двоглав орел на црвена позадина, како асоцијација на Албанија. Овој клуб е формиран во 1970 година, под името Саут Даденонг Приштина.

Погледнете го голот и тоа што се случуваше во продолжение:

 

- Оглас -

Најнови вести