Гол на Марсеј во 92-ра минута на кавадарчанец му донесе добивка од 257 илјади, со уплата само од 50 денари

Во Кавадарци еден прогнозер во објект на Sport Life во четвртокот уплатил 50 денари и има добивка од 257.469 денари. На тикетот му се наоѓаат по два меча од Лигата на Европа и Конференциската лига, а играта му била Т2 1+I &2+II.

Довербата во гостинските екипи и ефикасната игра во второ полувреме му се исплатеа и тоа како на овој кавадарчанец. Најкритичен меч му беше оној на француски Марсеј, кој на гостувањето против Карабах вториот гол во второто полувреме го даде во 92-рата минута.

ШТИПЈАНЕЦ ТОЧНО ПОГОДУВАШЕ И ИСХОДИ ОД ИСЛАНДСКИОТ ЛИГА КУП

Во Штип, во Sport Life има одличен тикет со 210 денари уплата, а добивка од 159.862. На овој тикет се наоѓаат седум парови, меѓу кои и два од исландскиот Лига куп. Овој прогнозер точно погодил на кои мечеви ќе има над три или четири гола, а за неколку дуели има и комбинација во која се вклучени и број на голови. Сите резултати му одеа во прилог, па може да се пофали дека е добитен.

НА ПРОГНОЗЕР ОД БИТОЛА ДОВОЛНИ МУ БЕА 40 МИНУТИ ЗА ДА ЗАРАБОТИ НАД 1.000 ЕВРА

Во објект на Sport Life во Битола, со 150 денари уплата, некој се опари бидејќи добивката изнесува 73.566 денари. На овој тикет играни се само три меча со големи квоти, а прогнозата е дека двата тима ќе постигнат гол во текот на мечот и притоа дека ќе паднат минумум три гола во прво полувреме. Сите три меча на овој битолчанец му беа фатени уште по првите 40-тина минути од натпреварите.

- Оглас -

Најнови вести