Александар Митровиќ со гол во 90-та минута му донесе победа на Фулам од 3-2 против Брентфорд. Фулам водеше со 2-0, Пчелите изедначија, но последниот збор го имаше Србинот, кој му ја донесе првата победа на својот тим по враќањето во Премиер лигата.
Евертон беше на прагот да стане единствен тим со три порази во три кола, но во 88-ма минута голманот Пикфорд со асистенција го вработи Греј, кој даде гол за 1-1 против Нотингем Форест.
Еден постигнат гол не им беше доволен ни за бод на Астон Вила против Кристал Палас (1-3) и на Лестер против Саутемптон (1-2).