Гол не видовме – По Италија и шпанското дерби заврши без голови

Вилјареал и Атлетико Мадрид си ги поделија бодовите со реми без голови, а и второто дерби вечерва во Топ-5 лигите заврши со најнепопуларниот резултат 0:0.

Атлетико во свој стил одигра цврсто во препознатлив стил, откако Чоло Симеоне им е тренер и повторно се една од најдобрите дефанзивни екипи во Ла Лига.

Вечерва гостите не примија гол и останаа втората најдобра дефанзивна екипа по 16 натпревари во Шпанија со само 10 примени погодоци. Пред нив е само Атлетик Билбао со 9 примени голови.

Вилјареал вечерва не го оправда епитетот од една од најефикасните екипи во Шпанија, а Јан Облак беше непремостлива пречка за напаѓачите на „жолтата подморница“.

Вилјареал со 28 постигнати голови засега е третата најефикасна екипа во Шпанија, зад Барселона и Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести