Гол од 55 метри на меч од италијанската Серија Б (Видео)

Фудбалерот на Кремонезе, Микеле Кастањети, денеска со мајсторски гол, му донесе победа на својот тим од 2-0 на гостувањето кај Фрозиноне во натпревар од Серија Б. Средбата се играше без публика (има забрана поради коронавирусот), а бидејќи Кастањети е гостински играч, и да имаше публика тешко дека ќе имаше аплаузи, но сигурно погодокот ќе беше уште повеќе украсен.

Кастањети од повеќе од половина терен испрати теледиригиран шут, и таа заврши во мрежата на домашните, за водство од 2-0, што беше и конечен резултат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести