И по две одиграни кола, Феенорд е без победа во холандското првенство. Екипата од Ротердам гостуваше кај Херенвен и имаше предност од 1:0 по првиот дел. Водството на гостите беше се до 80 минута кога на сцена стапи Ибрахим Дрешевиќ.
Косовскиот репрезентативец прими една топка речиси на половина од игралиштето. Малку се доближи до противничкиот гол и шутираше, а голманот на Феенорд беше немоќен. На крајот мечот заврши 1:1, а Феенорд дури може да биде и задоволен со бод, бидејќи домаќините промашија пенал во првото полувреме.