Гол од слободен удар од 40 метри во Германија (Видео)

Хановер со 4:1 загуби на свој терен од Вердер Бремен во меч од втората Бундеслига, но домаќините може да се пофалат дека единствениот погодок беше уникатен.

Во средината од првото полувреме беше досуден фаул за Хановер, а Себастијан Керк беше изведувач. Сите очекуваа центаршут, дури и гостинскиот голман, кој беше излезен на 10-тина метри од гол-линијата.

Тоа го искористи Керк, кој реши да шутира директно во голот и успеа да погоди за 1:1. За жал на домашните навивачи, Хановер во второто полувреме прими уште три гола и убедливо загуби, па остана во долниот дел од табелата.

https://twitter.com/i/status/1472577389347627011

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести