Мечевите во најсилните лиги во Европа завршија, но тоа не значи дека е крајот за постигнување спектакуларни погодоци. Моментно се игра Азија купот за играчи до 23 години, а Ирак и Австралија ремизираа 1:1.
Австралија прва постигна гол и тоа на спектакуларен начин. Алоу Куол е фудбалерот кој погоди на спектакуларен начин со таканаречен гол Шкорпија. Ова е еден од најтешките и најнеобичните начини да се постигне погодок, а младиот фудбалер на Австралија тоа го направи на перфектен начин.