Младата фудбалска репрезентација на Македонија одигра нерешено 3:3 во дуелот со своите врсници од Косово, во пријателски меч одигран на тренинг центарот при ФФМ, „Петар Милошевски“. Ова беше втор дуел на овие две селекции во само три дена, а откако првата средба ја добија нашите надежи со 1:0, денеска имаше вистинско гол-шоу.
Македонија рано поведе со погодокот на Трпчевски и 1:0 беше се до 57 минута. Тогаш следува најдобриот период во играта на гостите. Од 57 до 72 минута, Косово постигна три гола и поведе со 3:1.
Нашите надежи не се предадоа и со головите од пенал на Крстевски и Тодоровски во 74 и 78 минута стигнавме до 3:3. Во стартниот тим на селекторот Драган Канатларовски беа: Николовски, Јанкуловски, Стојчевски, Крстевски, Тодоровски, Рамадани, Фетаи, Георгиевски, Игњатов, Малески, Трпчевски.