15.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Гол-шоу приредија Барселона и Јувентус, ништо покусо не беше ни Реал, но Кралевите не го победија мексиканскиот тим (Видео)

Барселона и Јувентус одиграа 2:2 во пријателски меч одигран во Далас, како дел од турнејата средби низ САД. Усман Дембеле кај Барселона и Моис Кин во тимот на Јувентус беа во главна улога на теренот постигнувајќи по два погодоци.

Дембеле погоди за водство на Барселона во 34-тата минута, а Кин израмни само пет минути подоцна.

Сепак, каталонскиот гигант замина со предност на полувреме, и тоа благодарение на соло акцијата на Дембеле, кој погоди веднаш по голот на Јувентус. На почетокот на вториот дел, Кин израмни на 2:2, а потоа двата тима направија многу замени и темпото на игра падна, па до крајот на средбата немаше погодоци.

Без победник одигра и Реал Мадрид, и тоа во пријателски меч против Клуб Америка, а на крајот беше 2:2. Мартин погоди само по пет минути игра за водство на Мексиканците, а Карим Бензема израмни на 1:1 во 22-рата минута.

Во второто полувреме, Еден Азар од пенал го доведе Реал во водство од 2:1, но Клуб Америка не се предаде и со погодокот на Фидалго во 82-рата минута стигна до 2:2.

 

- Оглас -

Најнови вести