Гол-шоу во Барселона, Арсенал ја анулира негативата од првиот меч против Порто (Видео)

Барселона води со 2:1 против Наполи на полувреме во реванш-мечот од осминафиналето во Лигата на шампионите. Овој резултат му одговара на домашниот тим затоа што првата средба во Италија заврши 1:1.

Каталонскиот гигант фуриозно го започна мечот. По неколку неискористени шанси, во 15-тата минута Фермин Лопес одлично искористи додавање, а Рафиња и од позиција како за пенал успеа да погоди за голема радост за домаќините.

Само 100-тина секунди по првиот гол, Барселона се израдува и по вторпат. Наполи беше во напад, а Јамал одлично успеа да ја извлече топката од пред својот шеснаесетник и да организира контранапад. Додаде до Рафиња, кој шутираше во стативата, а на одбиената топка натрча Кансело, кој погоди за 2:0.

Наполи не се демотивира по овие два примени гола. Гостите тргнаа многу поофанзивно и тоа им донесе резултат во 30-тата минута, кога Рахмани одлично го искористи додавањето на Политано и намали на 2:1, што е и најава за многу интересно и неизвесно второ полувреме.

Во исто време додека Барселона и Наполи водат битка на стадионот „Монжуик“, Арсенал и Порто играат во Лондон. По првото полувреме домаќините водат со 1:0 благодарение на голот на Леандро Тросар во 41-вата минута, по одличното додавање на капитенот Мартин Одегард.

- Оглас -

Најнови вести