Гол-шоу во Лисабон, смешни, но и прекрасни голови со триумф на Барса, ПСВ го освои Белград (Видео)

За првпат во историјата мечеви од групната фаза во Лигата на шампионите се играат во јануари, но ќе остане запаметено дека оваа вечер беше преполна со голови. Ги имаше и смешни, по големи грешки, но и прекрасни.

Во Лисабон, на дуелот меѓу Бенфика и Барселона, голманите не се прославија, паднаа и смешни погодоци, а мечот заврши 4-5 во корист на каталонскиот гигант. Шченсни немаше свои моменти, но во вториот дел му се реваншира и голманот на Бенфика.

Павлидис постигна хет-трик за Бенфика, Араухо си постигна автогол, но Левандовски беше двоен стрелец, Рафиња постигна смешен гол, а Ерик Гарсија израмни, по што Рафиња со вториот свој гол донесе триумф од 4-5 за каталонскиот тим.

ПСВ Ајндховен имаше водство од 0-3 во Белград, со двата гола на Лук де Јонг и погодокот на Фламинго, но откако токму тој беше исклучен во второто полувреме, српскиот првак намали преку Ендиаје и Џига. Сепак, триумфот му припадна на ПСВ.

Атлетико Мадрид со пресврт славеше против Баер Леверкузен со 2-1. Хулијан Алварес беше двоен стрелец за шпанскиот тим откако Хинкапи донесе водство за Фармацевтите.

Болоња ја победи Борусија Дортмунд со 2-1, Ливерпул стигна и до седмиот триумф и има максимален ефект откако триумфираше против Лил со 2-1, а Клуб Бриж и Јувентус ремизираа без голови. Штутгарт го победи Слован на гости со 1-3.

 

- Оглас -

Најнови вести