Гол-шоуто во Билбао траеше 10 минути, Реал го има Бензема и е печен да биде шампион (Видео)

Реал Мадрид го победи Атлетик Билбао на „Сан Мамеш“ со 2:1 во гол-шоу во првите 10 минути.

Кралевите го имаат фантастичниот Карим Бензема кој ги даде двата гола за нова победа и за прво место на табелата сега со 46 бода, 8 повеќе од Севилја, но со меч повеќе.

Бензема блесна во четвртата минута со еврогол за 1:0, што му беше и 400-тиот гол во кариерата, а потоа пак погоди само 180 секунди подоцна.

https://twitter.com/1real_RJ/status/1473764083463823364?s=20

Ојхан Санчет погоди за Атлетик во десеттата минута и тоа беше последниот гол на мечот.

 

- Оглас -

Најнови вести