Фенрбахче ремизираше со конечни 2-2 против Ерзурум во мечот од рамките на 16-тото коло во турскиот шампионат. Враќањето на Ерсун Јанал на клупата на гигантот од Истанбул можеше веднаш да донесе позитивен резултат, но гостите со гол во судиското надополнување успеаја да избегнат пораз.
Домаќините има предност од два гола по првите 30 минути игра. Ају реализираше во 18-тата минута, пред Шкртел да погоди за 2-0 само девет минути подоцна. Сепак, и покрај негативата од два гола, фудбалерите на Ерзурум не се предадоа. На стартот од вториот дел, Басан намали на 2-1, а Тај во втората минута од судиското надополнувње израмни и го постави конечниот резултат.
Фенербахче и по четири последователни средби не успева да издвои победа во турското првенство, па со 10 бода, исто колку што има и Ерзурум, останува при дното на табелата, поточно на 15-тото место.